
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски доби големо признание, откако беше избран во „Тимот на сезоната 2024/25“ во Првата лига на Хрватска, објави Хрватскиот фудбалски сојуз. Овој избор е потврда за извонредната сезона што ја имаше Митровски во дресот на Вараждин, каде што беше еден од клучните играчи.
Покрај него, во идеалниот тим се најдоа фудбалери од водечките хрватски клубови, како што се Динамо Загреб, Хајдук Сплит, Ријека, Осиек и Истра 1961.
Митровски е избран во нападот, заедно со најголемите ѕвезди на Динамо Загреб и на Хајдук Сплит, Марко Пјаца и Марко Ливаја.
Ова е голем успех за 25-годишниот Митровски и силен показател за квалитетот што го поседува, што претставува одлична вест и за македонската репрезентација, која добива сè поистакнат фудбалер со континуирани одлични настапи во конкурентна лига.
Добитници на поединечни награди
Најдобар играч: Марко Ливаја (Хајдук Сплит)
Најдобар млад играч: Адријано Јагушиќ
Најдобар тренер: Гонзало Гарсија (Истра 1961)
Тим на сезоната 2024/25
Голман: Марко Маленича (Осијек)
Одбрана: Стјепан Радељиќ (Ријека), Дарио Марешиќ (Истра 1961), Роко Јуришиќ (Осиек)
Среден ред: Морис Валинчиќ (Истра 1961), Тони Фрук (Ријека), Јосип Мишиќ (Динамо Загреб), Мартин Батурина (Динамо Загреб)
Напад: Марко Ливаја (Хајдук), Димитар Митровски (Вараждин), Марко Пјаца (Динамо Загреб)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
