
Интер одигра 2-2 против Лацио на „Џузепе Меаца“ и не ја искористи шансата да го преземе врвот на табелата. „Нероаѕурите“ водеа двапати, но не успеаја да ги задржат трите бода и сега остануваат еден бод зад Наполи во пресрет на финалната рунда од шампионатот. Лацио израмни од пенал во 90.минута, а двоен стрелец за гостите беше Педро.
In the 90th minute, Yann Bisseck gives away a stupid penalty to end Inters title hopes WTF pic.twitter.com/PeBOgCqyyS
— TruRed (@TruRedFootball) May 18, 2025
Интер поведе на самиот крај од првото полувреме, кога Јан Бисек се најде на вистинското место по корнер и со прецизен удар го совлада голманот на Лацио. Во второто полувреме, избраниците на Симоне Инзаги играа порезервирано, а тоа го искористи искусниот Педро, кој во 72. минута донесе израмнување за „небесносините“.
Само осум минути подоцна, по одлична акција и прецизен центаршут на Хакан Чалханоглу, Дензел Дамфрис со глава повторно му донесе водство на Интер. Сепак, радоста беше краткотрајна – Бисек направи несмасен прекршок со играње со рака во шеснаесетникот, по што судијата досуди пенал за Лацио. Педро беше сигурен реализатор и го постави конечниот резултат 2-2 со својот втор гол на мечот.
Интер се обиде да дојде до победа во завршницата, но немаше доволно прецизност и моќ во завршниот удар, па мораше да се задоволи со еден бод.
Во меѓувреме, Наполи не успеа да ја искористи оваа ситуација и одигра само 0-0 на тешкото гостување кај Парма. Екипата на Антонио Конте се мачеше против цврст и мотивиран противник, а највозбудлив момент беше ситуацијата во 96. минута, кога Наполитанците побараа пенал. Сепак, по долга ВАР проверка, судијата Довери досуди прекршок во корист на домаќините.
Со овој резултат, Наполи останува лидер со еден бод повеќе од Интер. Во последното коло ќе се одлучува кој ќе ја понесе шампионската титула во Серија А.
Јувентус забележаа многу важна победа над Удинезе од 2-0 (0-0) и со тоа останаа во пол-позиција за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. „Старата дама“ пред своите навивачи во вториот дел го скрши отпорот на гостинот од Удине и го одбрани четвртото место во пресрет на последната рунда во калчото.
Победата на Јувентус му ја донесоа Нико Гонзалез кој го отвори резултатот во 61. минута и Душан Влаховиќ кој стрела две минути пред крајот на регуларното време. Тимот на Тијаго Мота стигна до 67 бода и се одбрани на „плус еден“ пред Рома.
„Волчицата“ славеше во дербито на „Олимпико“ против Милан со 3-1 и дефинитивно е во игра за елитното европско натпреварување. Мечот во „вечниот град“ тргна со ран гол на Џанлука Манчини во третата минута, а потоа продолжи со глупост на Сантијаго Хименез кој го удри токму Манчини со лакт и „поцрвене“. И покрај тоа Милан до полувремето стигна до израмнување преку Жоао Феликс, потоа имаше неколку добри шанси, а казната стигна преку Леандро Паредес. Аргентинецот перфектно изведе слободен удар и погоди за 2-1 во 58. минута, за потоа точка на победата да стави Брајан Кристанте во финишот.
Во директна борба за европските места Фиорентина ја доби Болоња со 3-2. Двапати освојувачот на Купот се враќаше од негатива, но на крајот претрпе неуспех и двата тима се на по 62 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Орландо сити ги потопи Меси и другарите

Интернационалци
Трајковски ја урна Ријека (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Деклан Рајс го реши Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
