
Илјадници навивачи на Барселона ги преплавија улиците на градот за да им оддадат чест на своите миленици кои оваа сезона ги освоија Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија. Сепак, победничката еуфорија накратко беше засенета од инцидент со двајца фудбалери.
Парадата започна во 18 часот од стадионот на Барса, а отворениот автобус со играчите помина околу 15 километри низ најважните улици на градот, завршувајќи кај Триумфалната капија. Илјадници фанови пееја, скандираа и ги поздравуваа своите херои. Во 20:30 часот, прославата беше заокружена со спектакуларен огномет, по што автобусот се врати назад кон „Камп Ноу“.
Borracho, con banderas independentistas e insultando a rivales. Se está bañando de gloria el anormal de Iñigo Martínez. pic.twitter.com/cuT6NsrC1H
— ᴍᴀɴᴜ. (@ESnomanu) May 16, 2025
Но, во еден момент, радоста беше накратко прекината – дефанзивецот Ињиго Мартинез изгуби рамнотежа и падна од автобусот. Според информациите кои брзо се проширија, со него паднал и неговиот соиграч Дани Олмо, што предизвика момент на загриженост кај присутните.
Среќна околност е што ниту еден од нив не се здобил со сериозни повреди. Публиката набрзо се смири, а атмосферата на улиците повторно стана весела и славеничка. Дополнителен сигнал дека сè е во ред беше моментот кога Ињиго Мартинез беше забележан како наздравува со пиво заедно со соиграчите, само неколку минути по инцидентот.
Барселона со тоа го заокружи историскиот успех со спектакл кој уште долго ќе се памети во Каталонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski