
Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски ќе ја продолжи својата приказна во Борац Бања Лука, откако клубот одлучи да му даде целосна доверба и за наредната сезона.
Откако замина првиот голман на тимот, Шишковски доби шанса да покаже што знае – и не разочара. Напротив, блескаше! На девет натпревари во пролетниот дел од сезоната во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, успеа седумпати да ја сочува мрежата недопрена. Неговите интервенции беа клучни за добрата позиција на Борац на табелата.
30-годишниот чувар на мрежата пристигна во Бања Лука во јули минатата година од ерменски Арарат, а претходно го бранеше и голот на Докса (Кипар), Гент (Белгија), Ропс и Лахти (Финска), како и македонски Работнички.
Шишковски ја покажа својата класа – а Борац со него добива стабилност и сигурност на голот за новата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
