
Јувентус подготвува амбициозен план за враќање на Антонио Конте на тренерската клупа, пренесуваат неколку италијански медиуми. Според информациите, раководството на „старата дама“ е подготвено да стори сѐ за да го убеди трофејниот стратег повторно да го преземе клубот.
Во моментов Конте е на чело на Наполи, каде бележи одлични резултати – тимот е лидер во Серија А и се бори за титулата со Интер. Сепак, односите меѓу Конте и претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, се далеку од идеални. Според извори блиски до клубот, нивните несогласувања се сѐ поизразени и може да бидат клучен фактор во иднината на Конте.
Познат по својот победнички менталитет и страст кон Јувентус, Конте веќе има богата историја со торинскиот клуб, кој го водеше од 2011 до 2014 година, освојувајќи три последовни титули во Серија А.
Доколку Наполи не успее да го задржи Конте, а Јувентус му понуди враќање, многумина сметаат дека стратегот нема да го одбие предизвикот повторно да го води клубот каде што се прослави како тренер и поранешен капитен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Гранит Џака потпишува за Сандерленд

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
