Дин Хујсен, 20-годишниот шпански стопер на Борнмут, е на чекор до потпис со Реал Мадрид. Реал и Борнмут веќе го договориле трансферот, кој ќе изнесува 60 милиони евра, сума што претставува износ на неговата откупна клаузула. Реал ќе ја исплати оваа сума во три рати.
Клучен момент за овој трансфер бил состанок во понеделникот, а голема улога одиграл и идниот тренер на Реал, Чаби Алонсо, кој инсистирал клубот да го забрза ангажманот на Хујсен, кого го смета за врвен талент.
Иако за него биле заинтересирани Арсенал, Ливерпул и Челси, младиот дефанзивец одлучил да го почека Реал, кој му бил приоритет.
Хујсен е роден во Холандија, но на пет години се преселил со семејството во Шпанија. Играл за младите селекции на Холандија, но подоцна добил шпанско државјанство и сега настапува за репрезентацијата на Шпанија.
Во 2020 година дојде во Јувентус, кој го позајми во Рома, а потоа летоска го продаде на Борнмут за 15 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













