
Винченцо Италијано, тренерот на Болоња, изјави дека неговиот тим сосема заслужено го освоил Купот на Италија со победа од 1-0 над Милан, бидејќи точно знаеле што ќе направат „росонерите“ во финалето и биле подготвени да реагираат. Ова е првиот голем трофеј за Болоња по пауза од 51 година, откако последен пат го освоија Купот во 1974 година.
„По неколку разочарувања, мислам дека заслужено го освоивме овој трофеј. Одигравме одличен натпревар. Знаевме што ќе направи Милан во второто полувреме и реагиравме соодветно. Оваа неверојатна сезона е крунисана со пехарот што навивачите го заслужија“, изјави Италијано.
Овој триумф е особено значаен за Италијано лично, бидејќи додека беше тренер на Фиорентина стигна до три финалиња – две во Конференциската лига (2023, 2024) и едно во Купот на Италија (2023), но не успеа да освои ниту еден трофеј.
„Тие три финалиња беа огромни разочарувања. Искрено, не мислев дека веднаш ќе се вратам и ќе победам, но успеав. Овој трофеј им го посветувам на играчите, тие се неверојатни. Сакам да ја посветам победата и на семејството на Џо Бароне, неговиот син ми испрати порака утринава и тоа многу ми значеше. Бевме многу блиску до трофеј и со него“, рече Италијано.
Тој ја презеде Болоња од Тијаго Мота и многумина не очекуваа да направи ваков успех. Сепак, тимот имаше солидни настапи во Серија А и Лигата на шампионите, а сега го освои и првиот трофеј од 1974 година.
„Имавме почетни потешкотии, но потоа напредувавме – и индивидуално и како колектив. Сега, ве молам, дозволете ми да одам да славам, затоа што ова е неверојатно“, заврши Италијано со насмевка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)
