Connect with us

Реал во последен миг ја победи Мајорка и не дозволи Барса вечерва да слави титула (ВИДЕО)

Реал Мадрид успеа со гол во 96.минута да слави против Мајорка со 2-1 и барем за момент да ја одложи шампионската прослава на големиот ривал Барселона, која ќе мора допрва да ја потврди титулата.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ не беше лесен за „кралевите“. За првпат сезонава, трибините не беа исполнети до последно место, а навивачите кои сепак дојдоа, беа шокирани уште во 11. минута, кога Ваљент го донесе Мајорка во водство.

Реал бараше начин да се врати во игра, а решението го најде дури во 68. минута, кога Килијан Мбапе го израмни резултатот со прецизен удар.

Посебно внимание заслужува голманот на гостите, Роман, кој имаше повеќе од 10 извонредни одбрани, одржувајќи го Мајорка во игра речиси до крајот на мечот. Реал изведе 26 корнери/

Но, приказната на вечерта беше Јакобо Рамон, 18-годишниот талент на Реал Мадрид. Во својот втор настап за првиот тим, тој во екстра-времето со прекрасен удар ја донесе победата за својот клуб и ги одушеви навивачите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови