Connect with us

Болоња после половина век освои трофеј: Го победи Милан во финалето на Купот (ВИДЕО)

Болоња по 51 година повторно освои трофеј, откако славеше против Милан во финалето на Купот на Италија. На „Олимпико“, Болоња ги победи „росонерите“ со 1-0 и заслужено го слави освојувањето на пехарот.

Дан Ендој во 53.минута беше стрелец на победничкиот гол во финалето.

Болоња играше одлично во текот на целата сезона во ова натпреварување и на крајот успеа да го освои трофејот.

За Милан е ова уште едно големо разочарување оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови