Италијанскиот калчолигаш Интер работи на освежување на напаѓачката линија за следната сезона, а во фокусот се најде напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе.
По најавените заминувања на Хоакин Кореа и Марко Арнаутовиќ, „нероаѕурите“ бараат нова офанзивна опција која ќе може да придонесе со енергија и квалитет од клупата. Еден од потенцијалните кандидати е токму Зиркзе, кој пред една сезона блескаше во дресот на Болоња, но не успеа да се наметне на „Олд Трафорд“.
Џошуа Зиркзе беше платен 36,5 милиони фунти од Јунајтед, но во 32 настапи постигна само три гола, што беше далеку од очекувањата на навивачите и стручниот штаб. Често беше цел на критики и свирежи, но во последниот период од сезоната прикажа знаци на подобрување, што не остана незабележано од скаутите на Интер.
Според информации од Италија, Интер е подготвен да му даде втора шанса во Серија А, каде што Зиркзе веќе еднаш докажа дека знае да блесне. Во Милано, тој би имал резервна улога зад стандардните стартери Лаутаро Мартинез и Маркус Турам, но со можност да се избори за повеќе минути со добри игри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













