Флоријан Вирц е пред еден од најголемите избори во својата кариера – според последните информации, за него се борат Баерн Минхен, Манчестер Сити и Ливерпул.
Според „Билд“, родителите на Вирц неодамна престојувале во Манчестер, но потоа заминале и до Ливерпул, што е јасен сигнал дека и „црвените“ сериозно влегуваат во трката за германскиот бисер.
Ливерпул засега не доставил официјална понуда, но Баер Леверкузен од порано ја има јасно дефинирано цената: за странство – 100 милиони евра, за Баерн Минхен: 150 милиони евра – зголемена цена поради домашен ривалитет.
Баер Леверкузен и понатаму верува дека Вирц ќе го испочитува ветувањето дека нема да се пресели кај нивниот најголем конкурент Баерн Минхен.
Одлуката е сè уште во рацете на Вирц, а каква и да биде – ќе има сериозни последици за европскиот фудбал. Особено ако замине во Премиер – лигата, каде Сити и Ливерпул подготвуваат генерациски пресврт.
Сепак, да не го заборавиме и Реал Мадрид, кој ќе го има наскоро и Чаби Алонсо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













