Фудбалската федерација на Македонија официјално соопшти дека поради финалето на Купот на Македонија, кое е закажано за 21 мај 2025 година, Комисијата за натпревари донела одлука последното коло од Првата македонска фудбалска лига (33. коло) да не се игра во недела (18 мај), туку ден порано – во сабота, 17 мај, со почеток од 17 часот.
Претходно, ФФМ донесе одлука да и дозволи на Шкендија последниот меч да го игра со присуство на публика, прифаќајќи ја жалбата на тетовскиот клуб да ја прослави шампионската титула со навивачите. Врачувањето на шампионскиот пехар за новиот првак, Шкендија, ќе се одржи в сабота на Градскиот стадион во Тетово, по завршувањето на натпреварот против Силекс.
Во останатите мечеви се среќаваат: Брера – Работнички, Тиквеш – Струга ТЛ, Пелистер – Беса.
Последното коло во Втората МФЛ ќе се одигра во недела, 18. мај 2025 година, со почеток во 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













