Connect with us

Ханси Флик за лудото Ел Класико: Ќе треба да си го прегледам срцето

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, со измешани емоции ја коментираше епската победа на неговиот тим од 4-3 против Реал Мадрид во Ел Класико. Германскиот стратег ги пофали своите фудбалери за покажаниот менталитет и големиот пресврт, но истакна дека тимот мора значително да се подобри во дефанзивата.

„Ќе треба да си го прегледам срцето. Лесно е да се каже дека тактиката ни беше да дадеме четири гола – ако примиме три. Мораме многу да се подобриме дефанзивно. Кога вршиме пресинг – сè функционира, но штом направиме грешка, станува компликувано“, рече Флик.

Тој истакна дека физичката подготвеност е клучна ако Барселона сака да игра во својот препознатлив стил и дека тимот не се чувствува уште како шампион, иако е на чекор до титулата.

„Физичката подготвеност е неопходна. Не се чувствуваме уште како шампиони, но би било прекрасно да ја завршиме сезоната со три трофеи.“

Флик посебно ги истакна Феран Торес, кој одигра одличен натпревар како „деветка“, и Ламин Јамал, за кого рече:

„Тој е многу паметен, верува во себе и играше одлично иако има само 17 години. Ни помогна да направиме пресврт.“

И покрај победата, Флик беше самокритичен:

„Реал има неверојатни фудбалери кои знаат како да не нападнат во позадина. Затоа мораме подобро да се браниме. Ќе работиме на тоа за следната сезона.“

На крајот, тој додаде:

„Не сум нервозен во завршниците, но на клупата имаше многу емоции. Можеа да ни дадат и четврти гол, но не го направија тоа. Затоа велам – мораме да се подобриме.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови