Барселона и Реал Мадрид приредија уште еден спектакл, а и во ова Ел Класико славеа Каталонците (4-3) и ги решија сите дилеми околу шампионската титула во Ла Лига.
Килијан Мбапе постигна хет-трик, но Барса беше фуриозна во еден дел од првото полувреме кога постигнаа четири гола.
Мбапе отвори од пенал во петтата минута, а потоа зголеми и на 0-2. Но, Барселона е моќна напаѓачки и може лесно да се врати и од таква негатива.
Ерик Гарсија намали, а Ламин Јамал израмни во 32.минута.
Фуријата на Барса продолжи со два гола на Рафиња за спектакуларни 4-2 на полувремето.
Во вториот дел Мбапе комплетираше хет-трик, но не можеше сам против Барселона, која може да почне да ја слави шампионската титула.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













