Connect with us

Белингам мора на операција по завршување на сезоната

Големата ѕвезда на Реал Мадрид и англиската репрезентација, Џуд Белингaм, е пред долгоочекувана хируршка интервенција која треба да стави крај на хроничната болка во рамото, објави „Релево“.

Англичанецот се повреди уште во ноември 2023 година на натпревар против Рајо Ваљекано, но стисна заби и продолжи да игра на високо ниво и за „кралскиот клуб“ и за својата земја. Неговата желба да му помогне на Реал во битката за титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите, како и да биде дел од ЕВРО 2024, ја одложи операцијата со месеци.

Сега, откако Реал веќе не се наоѓа во оптимална позиција во трката за титулата во Ла Лига, клубот размислува да даде зелено светло за интервенцијата уште следната недела – доколку тимот го загуби Ел Класико и шансите за трофеј целосно исчезнат.

Постои и друго сценарио – операцијата да се одложи по Светското клупско првенство во САД, кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули. Ако се реализира оваа опција, Белингам ќе треба да мине низ околу еден месец рехабилитација на почетокот од новата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови