
Реал Мадрид и еден од неговите највредни играчи, Винисиус Жуниор, постигнаа целосен договор за продолжување на соработката до 2030 година. Според информации на шпанскиот весник „АС“, новиот договор му носи на Бразилецот вкупна нето заработка од 100 милиони евра во наредните пет години.
Иако неговиот тековен договор трае до јуни 2027 година, клубот и играчот веќе се договориле за продолжување, а официјалното потпишување се очекува веднаш по завршувањето на сезоната, пред почетокот на Светското клупско првенство.
Со новиот договор, годишната плата на Винисиус Жуниор ќе се зголеми од 15 на 20 милиони евра нето. Дополнително, договорот вклучува и високи бонуси поврзани со тимски трофеи, индивидуални успеси, број на постигнати голови, како и освојување на престижни награди како „Златна топка“ и „The Best“. Веќе инкасираше 2 милиони евра бонус за освојувањето на наградата „The Best“ за 2024 година.
Винисиус одлучи да остане верен на „кралскиот клуб“, и покрај наводната астрономска понуда од Саудиска Арабија вредна една милијарда евра за пет години. Според шпанските медиуми, тој никогаш не размислувал сериозно за заминување од Мадрид.
Винисиус досега има одиграно 314 натпревари за Реал, постигнал 105 голови и додал 79 асистенции, освојувајќи ги сите големи трофеи – вклучувајќи ја Лигата на шампионите, Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими

Прва лига
Стефан Спировски се врати во Пелистер
