Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се подготвува за нов предизвик со Торино против актуелниот првак Интер, но неговата иднина во италијанскиот клуб е далеку од сигурна. Иако Торино има интерес да го задржи, сумата од 18 милиони евра што ја бара Лајпциг за неговиот откуп е сериозна пречка.
Во меѓувреме, нов голем се приклучи во трката за него, тоа е Ајакс. По неуспешната претходна сезона, славниот холандски клуб оваа година се врати на победничките патеки и обезбеди учество во Лигата на шампиони. Во таа насока, раководството на клубот веќе го составува тимот за настап во елитата, а Елмас се појави како еден од нивните приоритети.
Според германскиот „Билд“, веќе има започнати разговори помеѓу Лајпциг и Ајакс, и веќе е испратена почетна понуда. Не е познато дали станува збор за купопродажен договор или позајмица со можност за траен трансфер, но јасно е дека интересот од страна на ваков клупски великан е показател за квалитетот и потенцијалот на македонскиот репрезентативец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













