
Поранешен скаут на Арсенал откри дека клубот ја пропуштил можноста да го ангажира Квича Кварацкелија во 2022 година. Наместо тоа, „топчиите“ тогаш платија 3,5 милиони фунти за Маркињос од Сао Пауло – фудбалер кој одигра само шест натпревари за првиот тим.
Додека лондонскиот клуб ризикуваше со непознат бразилски талент, Наполи делуваше решително и го доведе Кварацкелија од Рубин Казан за помалку од 10 милиони фунти. Ризикот целосно им се исплатеше – Грузиецот стана клучна фигура во нападот на неаполскиот клуб и го предводеше тимот до првата титула во Серија А по повеќе од три децении, во тандем со нигерискиот напаѓач Виктор Осимен.
Неговите настапи му ја донесоа наградата за најкорисен играч во првенството, како и признанието на УЕФА за најдобар млад играч во Лигата на шампионите. Во јануари 2025 година, Кварацкелија премина во ПСЖ за 59 милиони фунти.
Томаш Пасечни, поранешен скаут на Арсенал за Источна Европа, откри дека Кварацкелија бил следен од лондончани долго пред неговиот пробив во Италија. Во интервју за „weszlo.com“, Пасечни раскажа како првпат го забележал талентот на младиот Грузиец на младински турнир во Полска, каде што всушност требало да следи други играчи.
„Грузискиот младински национален тим беше во Полска за квалификациски турнир. Моја задача беше да следам други тимови, но кога ги видов – Квича и Зурико Давиташвили – водевме долги дискусии со други скаути кој од двајцата е подобар. Потоа ги следев во Русија“, изјави Пасечни.
Тој бил присутен и на натпревар меѓу Рубин Казан и Динамо Москва, каде што Кварацкелија влезе од клупата и имаше слаба партија под притисок на публиката.
„Не успеа да се снајде. Секој следен негов потег беше неуспешен – се гледаше дека ја загубил самодовербата. Ако тоа потраеше, ќе беше сериозен проблем. Сите знаеја дека ќе стане одличен играч, но прашањето беше колку точно. Дали ќе биде во врвниот елитен ранг или еден степен под него“, додаде скаутот.
Гледано од денешен аспект, одлуката на Арсенал изгледа уште поболно – само пред неколку дена Кварацкелија беше клучен во елиминацијата на лондончани од Лигата на шампионите, покажувајќи ја разликата меѓу она што било добиено и она што било испуштено. Сега Грузиецот ја брка историската тројна круна со ПСЖ, откако клубот веќе ја обезбеди титулата во Франција и се бори за трофеите во Лигата на шампионите и Купот на Франција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
