Connect with us

Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Милан уште еднаш ја покажа својата препознатлива цврстина и менталитет за пресврти сезонава, совладувајќи ја Болоња со 3-1 на „Сан Сиро“ во рамките на 36. коло од Серија А. Ова беше 21. натпревар оваа сезона на кој „росонерите“ освојуваат бодови иако први примиле гол – статистика која само го потврдува борбениот дух на тимот на Серџо Консеисао.

Натпреварот беше умерен во првиот дел, бидејќи и двете екипи очигледно размислуваа за претстојното финале во Купот на Италија. Но во второто полувреме работите се раздвижија, а Рикардо Орсолини со прекрасен удар во 49. минута ѝ донесе водство на Болоња.

Како и многупати претходно, тоа го разбуди Милан – најпрво преку активниот Тео Хернандез, а потоа и со акција во 73. минута кога Пулишиќ му намести гол на Сантијаго Хименез за 1-1. Пресвртот го комплетираше самиот Пулишиќ во 79. минута, а Хименез во судиското продолжение со својот втор гол го потврди триумфот (3-1).

Овој триумф не само што ја продолжува добрата форма на Милан пред финалето на Купот, туку е и јасна порака дека „росонерите“ се подготвени за трофеј.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови