
Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Ова е веста која веднаш го обиколи фудбалскиот свет откако шпанскиот весник „Марка“ објави дека договор е постигнат и многу брзо ќе биде официјализиран. Баскискиот стратег, кој направи сензационален успех со Баер Леверкузен, ќе потпише тригодишен договор до 2028 година со „кралскиот клуб“.
Според информациите, Реал ќе мора да ја плати откупната клаузула на Алонсо, бидејќи неговиот договор со германскиот клуб важи до 2026 година. И покрај тоа, „Марка” тврди дека договорот веќе е „запечатен“, а Алонсо ќе се врати во клубот каде што како фудбалер освои Лига на шампиони и остави длабок печат.
Со оваа одлука, Реал Мадрид подготвува генерациска смена на клупата, бидејќи актуелниот тренер Карло Анчелоти ќе замине по завршувањето на сезоната. Последниот натпревар на Италијанецот на чело на „кралевите“ ќе биде на 25 мај против Реал Сосиедад, натпревар во кој се очекува да добие големо испраќање од публиката на „Сантијаго Бернабеу“.
Анчелоти, кој е еден од најтрофејните тренери во историјата на клубот, според медиумите, ќе ја преземе фудбалската репрезентација на Бразил, што дополнително потврдува дека доаѓа крајот на неговата ера во Мадрид.
Во моментов, Реал Мадрид има слаб финиш на сезоната, бидејќи се елиминирани од Лигата на шампионите и Купот на Кралот, а остануваат во игра само за титулата во Ла Лига, каде што се наоѓаат четири бодови зад Барселона. Двете екипи ќе се сретнат во големото „Ел Класико“ во недела, на стадионот „Монжуик“ во Барселона, што може да биде одлучувачки дуел за титулата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
