Connect with us

Челси обезбеди билет за финалето на Конференциската лига, каде може да испише историја (ВИДЕО)

Челси го направи тоа повторно. Скромен резултат, но голема победа — 1-0 над Ѓургарден, доволно за билет до големото финале на Конференциската лига. На „Стемфорд Бриџ“ немаше спектакл, но имаше фудбалска зрелост и победнички менталитет.

Херојот на вечерта беше Кјеран Дусбери-Хол, кој во 38. минута ја реши дилемата. Но приказната не завршува тука — 16-годишниот Реџи Волш испиша историја, станувајќи најмладиот играч што започнал европски меч за Челси. И тоа не било кој меч, туку полуфинале.

Челзи оди во Вроцлав, Полска, каде ги чека шанса каква што ретко се добива — можност да стане првиот клуб што ќе ги освои сите четири актуелни европски титули: ЛШ, ЛЕ, Конференциска лига и Суперкуп.

Вториот патник во финалето ќе се решава на продолженија или пенали. Фиорентина во регуларниот дел го победи Бетис со 2-1, идентично како што загуби на првиот меч во Севилја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови