Connect with us

Арсенал го купува Лиам Делап за 35 милиони евра

Арсенал е подготвен да плати 35 милиони евра за 22-годишниот напаѓач на Ипсвич, Лиам Делап, објавуваат британските медиуми. Иако има договор до јуни 2029, Ипсвич испадна во Чемпионшип и е принуден да го продаде својот најдобар играч. Делап оваа сезона има 12 голови и две асистенции.

Арсенал веќе постигнал договор со неговиот агент за личните услови, но Делап е информиран дека ќе мора да се избори за место во тимот, бидејќи приоритет на Микел Артета за позицијата центарфор е Виктор Ѓокереш од Спортинг, кој има неверојатни 52 гола сезонава во сите натпреварувања.

Арсенал се обидел да го донесе и Бењамин Шешко од Лајпциг, но спортскиот директор Андреа Берта го блокирал трансферот поради висока цена од над 80 милиони евра.

Лиам Делап, син на легендарниот Рори Делап, е поранешен играч на младинскиот погон на Манчестер сити, но не успеа да се наметне во првиот тим. Летово беше продаден на Ипсвич за 18 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови