
Роберт Левандовски е подготвен за големо враќање, и тоа како стартер. Напаѓачот на Барселона му порачал на тренерот Ханси Флик дека не сака да седи на клупата вечерва против Интер – туку дека е целосно спремен да стартува и да помогне уште од првата минута.
Полскиот голгетер ја пропушти завршницата на Купот на Кралот и првиот полуфинален дуел со Интер поради мускулна повреда, но вчера доби зелено светло од медицинскиот тим.
Иако Флик планирал да го користи само во завршницата од мечот, Левандовски е убеден дека двонеделната пауза не оставила траги на неговата форма и сака веднаш во акција.
И не е чудо што инсистира да игра – со 40 погодоци оваа сезона, тој е незаменлив во офанзивата на Барса. Неговото искуство, чувство за гол и физичка сила би можеле да бидат клучни, особено против организираниот и физички моќен дефанзивен блок на Интер.
Од таборот на „нероаѕурите“, до вчера постоеше неизвесност околу настапот на Лаутаро Мартинез, но аргентинскиот напаѓач се опорави навреме и ќе стартува.
И Интер и Барселона ќе мораат да се снајдат без неколку важни дефанзивци – Бењамин Павар нема да игра за Интер, а Жул Кунде и Алехандро Балде нема да бидат во составот на Барса.
Натпреварот што ќе го одреди финалистот на Лигата на шампионите започнува вечерва во 21 часот на „Џузепе Меаца“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
