
Фудбалерите на Интер и Барселона вечерва ќе ги одмерат силите во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите, а дуелот на европските великани привлекува големо внимание.
„Нероаѕурите“ ја имаат предноста на домашниот терен откако не загубија на првиот натпревар кој заврши 3-3, но лесна предност сепак се дава на Барселона, која оваа сезона под водство на Ханси Флик игра феноменален фудбал.
Каталонскиот гигант веќе ги освои Купот и Суперкупот на Шпанија, а во Ла Лига е лидер на табелата со четири бода предност пред најголемиот ривал, Реал Мадрид.
Од друга страна, Интер до пред десетина дена беше во трка за сите три трофеи, но загуби во полуфиналето на Купот од Милан со 0-3, а потоа доживеа пораз и од Рома во првенството со 0-1, со што нивната голема предност пред Наполи се стопи.
Интер сега е второпласиран на табелата со три бода помалку од лидерот Наполи, а до крајот остануваат само уште три натпревари.
Сепак, навивачите на Интер би им простиле сè на своите миленици ако вечерва ја победат Барселона и се пласираат во финалето на Лигата на шампионите – вторпат во последните три години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Бруно Фернандеш
