
Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски и неговиот клуб Ал-Ахли Џеда постигнаа историски успех освојувајќи ја титулата во азиската Лига на шампиони.
Во финалето одиграно во Џеда, Ал-Ахли со леснотија го совлада јапонскиот тим Кавасаки Фронтале со резултат 2-0. Двата гола беа постигнати во првото полувреме – Галено го отвори резултатот со вистинско ремек-дело во 35. минута, а Франк Кеси го зголеми водството, додека Роберто Фирмино беше двоен асистент.
Алиоски го одигра целиот натпревар на својата стандардна позиција – лев бек – и со тоа стана третиот македонски фудбалер кој ја освоил азиската ЛШ, по Саша Огненовски и Стевица Ристиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
