
Како што се приближува крајот на сезоната во Втората лига, битката за првите две места кои водат директно во елитата, како и за третата позиција која води во бараж за ПМФЛ, станува се поинтересна. Денеска на програмата се натпревари од 24. коло во второлигашката конкуренција, кои започнуваат од 16 часот.
Лидерот, тимот на Македонија ЃП, гостува кај Кожув во Гевгелија. Лавовите од Ѓорче Петров имаат голема желба за победа за да останат на врвот на табелата. Второпласираниот тим Башкими гостува кај Саса во Каменица, што е уште еден интересен натпревар во борбата за горните позиции.
Арсими и Брегалница исто така се во трката за пласман во елитата. Тимот од Чегране ќе игра на „Автокоманда“ во Скопје, додека Брегалница ќе се соочи со Вардар Неготино на гости. Овие натпревари се значајни во однос на пласманот и конкуренцијата за третото место.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 24.КОЛО
Кожув – Македонија ЃП
Вардар Неготино – Брегалница
Детонит Плачковица – Борец
Новаци – Победа
Каменица Саса – Башкими
Скопје – Арсими
Осогово – Беласица
Вардарски – Охрид

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
