Баерн Минхен се соочува со нова фудбалска планина за искачување. Баварскиот гигант мора да направи уште едно чудо во Милано за да остане во трката за финалето на Лигата на шампионите кое ќе се игра на нивната „Алијанц Арена“ на 31 мај.
По поразот од 1-2 на домашен терен против Интер во првиот четвртфинален натпревар, тимот на Винсан Компани мора да направи комплетен пресврт на „Џузепе Меаца“. Сепак, историјата е на страната на Баерн – во 1988 година тие успеаја да го елиминираат токму Интер, и тоа по пораз од 0-2 дома, победувајќи со 3-1 во реваншот благодарение на тогашното правило за гол на гостински терен.
Симболот на клубот, Томас Милер, кој летово ќе го напушти клубот по 25 години бидејќи нема да му биде продолжен договорот, останува оптимист:
„Се надевавме на поинаков исход во првиот меч, но борбата не е завршена. Имаме за што да се бориме“, изјави Милер.
Тренерот Компани беше категоричен дека Баерн ќе се обиде да возврати во Милано.
„Ова е само полувреме. Во Милано ќе имаме нова можност – не го отфрламе реваншот!“
Баерн можеше да има и подобар резултат ако Хари Кејн не ја погоди гредата во првото полувреме, при зицер шанса, пред Интер да поведе преку Лаутаро Мартинез.
Томас Милер донесе надеж со израмнување пет минути пред крајот, но Давиде Фратези ја донесе победата за „нероазурите“ во 88. минута.
Хари Кејн, и покрај разочарувањето, останува позитивен:
„Такви моменти не ми се случуваат често, но тоа е животот на напаѓачот. Сега знаеме што мора да направиме – да одиме во Милано и да победиме. Веруваме дека можеме да го свртиме резултатот во наша полза.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две













