
Реал Мадрид прими седум голови на два натпревара против Леганес и Реал Сосиедад, и тоа на својот „Сантијаго Бернабеу“, а сега пристигнуваат нови лоши вести.
Резервниот голман Андриј Лунин се повреди на натпреварот против Реал Сосиедад и ќе мора да паузира околу еден месец. Ова е проблем бидејќи Тибо Куртоа сè уште не е целосно подготвен по полесната повреда, а планот беше да се врати за натпреварите со Арсенал.
Според најновите информации, во Реал моментално размислуваат за опција во сабота против Валенсија да брани третиот голман, младиот Фран Гонзалес. Станува збор за 19-годишен чувар на мрежата, продукт на академијата на Реал, кој настапува за вториот тим, Реал Кастиља.
Се разбира, тој досега нема забележано ниту еден настап за првиот тим на Реал Мадрид, но неочекувано би можел да добие шанса во сабота против Валенсија.
Реал Мадрид има напорен распоред, исто како и Барселона, со која се бори за титулата во Ла Лига, но и за трофејот во Кралскиот куп, чие финале се игра на 26 април.
Што се однесува до останатите играчи, медицинскиот тим прави сè што е можно за да ги подготви Дани Себалјос и Ферлан Менди за првиот дуел со Арсенал во вторник од 21 часот, додека Аурелиен Чуамени е суспендиран за овој натпревар поради жолти картони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
