Ждрепката за полуфиналето на Купот на Македонија ќе се одржи денеска напладне во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Четирите преостанати екипи – Вардар, Струга ТЛ, Брера и Шкендија – ќе ги дознаат своите противници, а бидејќи ждрепката е целосно отворена, секој може да се сретне со секого.
Како и минатата сезона, полуфиналните дуели ќе се играат во два натпревари, без предност за одреден тим при одредувањето на домаќинот за првиот меч. Првите средби се закажани за следната среда (9 април).
Според моменталната форма, Брера се смета за аутсајдер, но фудбалот е непредвидлив. Минатата година Тиквеш и Воска играа во финалето, а на крајот Кавадарци го прослави трофејот, што покажува дека изненадувања се можни.
Од екипите во полуфиналето, само Струга Трим Лум нема освоено куп-трофеј. Нејзиниот единствен настап во финале беше во 2023 година, кога загуби од Македонија ЃП.
Вардар останува рекордер со пет титули, иако последната ја освои во 2007 година. Шкендија има две титули (2016 и 2018), додека Брера, под претходното име Академија Пандев, триумфираше во 2019 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП













