
Манчестер Сити оваа сезона е далеку од резултатите и игрите што ги прикажуваше во периодот претходно, кога и доминираше во Премиер – лигата. Оваа сезона „граѓаните“ одамна се откажаа од трката за титулата, а елиминирани се и од Лигата на шампионите. Им останува да се борат за трофеј единствено во ФА купот на Англија каде се пласираа во полуфиналето.
Пеп Гвардиола затоа веќе размислува за следната сезона и повторно планира да потроши многу пари во претстојниот летен преоден рок. Тој ќе се обиде да го реши најголемиот проблем во тимот, а тоа е одбраната која прима многу голови.
Затоа менаџерот на Манчестер Сити ќе се обиде да го доведе францускиот интернационалец Вилијам Салиба од Арсенал. За него „граѓаните“ се подготвени да платат отштета од 100 милиони евра.
За Салиба сериозно се интересира и Реал Мадрид, па ќе биде интересно да се види кој ќе успее да победи во трката за одличниот дефанзивец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
