
Со доаѓањето на новиот шеф на стручен штаб, Добринко Илиевски, ФК Кит Го четири едноподруго натпревари е без пораз во Втората лига – Исток.
По ремито во дерби пресметката со штипска Брегалница, сега фудбалерите на Кит Го ги очекува нов дерби дуел, денеска во рамките на 22. коло против гевгелиски Кожуф. Еден од најдобрите фудбалери на пехчевци, младиот Мартин Стојанов посакува тимот против Кожуф да се врати на победите.
„Не очекува, во секој случај, тежок натпревар против одличната екипа на Кожуф со која до сега двапати ремизиравме. Задоволни сме што, и покрај реми разврската, одигравме добар натпревар против Брегалница. Сега подготвени сме и мотивирани за новата пресметка. Желбата е да продолжиме и уште подобро, па против Кожуф да се вратиме на победите. Навистина силно посакувам утре со триумф да ги израдуваме нашите навивачи“ – вели Мартин Стојанов.
Натпреварот меѓу Кит Го и Кожуф се игра денеска со почеток од 16 часот на Градскиот стадион во Пехчево.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК – 22. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Кит Го – Кожуф
Брегалница – Детонит јуниор
Партизан Обршани – Плачковица
Каменица Саса – Тиквеш
Вардар Неготино – Борец

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Евро-фудбал
Бешикташ го купува Давид Алаба?

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
