
Легендата Алан Ширер ги прокоментира гласините дека голгетерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, би можел да се врати во Премиер – лигата ова лето. Една од главните причини за таков потег би билa желбата на Кејн да го сруши славниот рекорд на Ширер за најмногу постигнати голови во англиската елита – 260.
Хари Кејн досега има 213 погодоци во Премиер – лигата, и најлесниот начин да стигне до врвот е со враќање во англиски клуб.
„Ливерпул ќе бара централен напаѓач летово, и без никакво сомнение, Хари Кејн би бил одлична опција за нив – поради големината на клубот, но и поради тоа што сигурно ќе постигне многу голови,“ изјави Алан Ширер. „Секогаш сум кажувал дека ако се врати во Премиер – лигата, Кејн ќе има многу, многу голема шанса да го урне мојот рекорд. Јас сум негов голем обожавател“, изјави Ширер.
Неодамна „Билд“ откри дека Хари Кејн имал можност уште во зимскиот преоден рок да активира клаузула која би му овозможила да замине од Баерн Минхен по завршувањето на сезоната за сума од 67 милиони фунти. Сепак, 31-годишниот напаѓач не ја искористил таа опција.
Според истите информации, во јануари следната година Кејн ќе може да активира нова клаузула, уште пониска, од 54 милиони фунти, која ќе биде валидна за летниот преоден рок. Ова дополнително ги зголемува шпекулациите за негово можно враќање во Премиер – лигата, каде што тој би имал реална шанса да го урне голгетерскиот рекорд на Алан Ширер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
