
Дербито од 14. коло во Третата лига – Запад доби неславен епилог, откако натпреварот меѓу Тетекс и Влазрими беше прекинат во 75. минута поради сериозен инцидент на теренот.
Ситуацијата ескалираше откако судијата досуди пенал во корист на домаќините и додели црвен картон за еден од играчите на Влазрими. Одлуката предизвика бурни реакции од клупата и фудбалерите на гостинскиот тим, а по неколку минути расправа и протести, Влазрими реши да ја повлече својата екипа од теренот.
Веднаш по мечот судијата Марјан Младеновски пријавил во полиција дека бил физички нападнат од голманот и физиотерапевт на Влазрими.
„На 26.03.2025 во 19 часот во СВР Тетово, М.М.(38) од Скопје пријавил дека околу 17 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Влазрими“ од Кичево, на кој бил судија, бил физички нападнат од физиотерапевтот Ј.С. и голманот В.Н. Двајцата напаѓачи биле дел од гостинската екипа од Кичево. Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Со тоа, натпреварот остана незавршен, а крајниот исход ќе зависи од одлуката на Фудбалската федерација на Македонија.
Одлуката гостите да го напуштат натпреварот е поради досуден пенал за Тетекс и доделен црвен картон за играч на Влазрими. Во мешаницата по неколкуминутни протести, гостите ја повлекле екипата.
„Ве повикуваме уште еднаш да не станеме плен на провокации и тенденциозни вести за линч на нашиот клуб, тврдејќи дека сме го нападнале главниот судија, бидејќи се невистинити.
Ве молиме не објавувајте ваква вест без да го истражите случајот и да ја извадите вистината на виделина!
Уште еднаш ве известуваме дека веста која кружи дека нашата екипа го нападнала судијата М.М е лажна затоа што замислете само едно!?
Со веста што ја добивте од МВР-Тетово за наводниот напад на судијата, не е апсурдно!?
Зошто апсурд? Само за исправност и за настанот, како и за присутните кои беа таму и видоа што се случи таму, само полицијата и државните органи, броејќи над 100 лица во униформи и без униформи (цивили и агенти со легимитаци), не забележаа и не забележаа никаков напад, бидејќи немаше такво нешто и нормално немаше апсења.
Сега се поставува прашањето зошто ја толерираат изјавата за виктимизација на судијата на станицата со ваков извештај, кога и самите беа присутни таму во голем број и видоа дека не се случи никаков напад. Останува да се надеваме дека овде нема ништо да се се направи намерно и да се скрива вистинскиот виновник.
Затоа, ФК Велазерими апелира до сите органи на прогонот и оние на ФУДБАЛОТ, да застанат на страната на правдата и да не го бараат виновникот во нас, туку кај тој што сериозно ни наштети, бидејќи ова нема да ви помине!
Раководството на клубот во знак на револт го повлече тимот од зелениот терен и апелираме до органите на третата лига и делегатот на средбата да направат вистински извештај за направената неправда“, се вели во реакцијата на Влазрими.
Инцидентот фрла сенка врз фер-плејот и спортскиот дух што треба да преовладува на фудбалските терени, особено во лигите каде што развојот и поддршката за младите таленти се од исклучителна важност.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski