Connect with us

Елмас: Таков е фудбалот, некогаш даваш гол во 90.минута, ама некогаш и ќе примиш (ВИДЕО)

Елиф Елмас искрено го изрази разочарувањето по ремито со Велс (1-1), со оглед дека примивме гол во последните секунди од дуелот, но истовремено ја потенцираше и квалитетната игра на македонската репрезентација.

„Премногу ни е жал. Тактички бевме одлични, одигравме на високо ниво и можеме само да жалиме за изгубените бодови. Но, таков е фудбалот – понекогаш во 90. минута ќе дадеш гол, а понекогаш ќе дадеш и ќе примиш“, изјави Елмас.

Сепак, македонскиот репрезентативец гледа позитивно на прикажаната игра.


„Имавме одличен тактички натпревар и тоа треба да ни биде водилка во иднина. Игравме против селекција во која 80% од играчите се од Премиер – лигата, а ние бевме на чекор до победа. Ова е добар знак за нас, бидејќи покажавме дека можеме да се носиме со најдобрите. Напредуваме и нашата цел е да одиме сè погоре. Сега мора да останеме смирени и фокусирани, бидејќи ни претстојат важни натпревари во јуни против Белгија и Казахстан“, истакна Елмас.

Македонија во следното коло, на 6 јуни, ќе ја пречека Белгија на домашен терен и ќе се обиде да продолжи со добрите игри и да остане во трката за пласман на СП 2026.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови