
Левокрилниот офанзивец на Кит Го, Зоран Андонов е еден од најзаслужните за триумфот против Кожуф. Сепак, Андонов не сака да ги потенцира заслугите за поединецот, но категорично нагласува дека тимскиот дух и воиграноста се пресудните за позитивните резултати на пехчевци.
„Одигравме одличен натпревар за сосема заслужена победа против Кожуф. Рано го отворивме натпреварот, но и покрај тоа продолживме со агресивна, офанзивна игра. Создадовме серија шанси за на крајот со вториот погодок веќе да биде јасен победникот“ – вели 18-годишниот Андонов.
Андонов го отвори патот кон победата од 2-1 против гевгеличани со голот, по прекрасната акција на Синев и Пановски, уште во 8. минута од натпреварот.
„Секако среќен сум со постигнатиот гол, но мора да се нагласи дека заслужна за победата е целата екипа. Она што го краси Кит Го е тимската игра. Мотивираноста и одличната атмосфера се елементи кои верувам и до крајот ќе ни носат позитивни резултати“ – истакнува Зоран Андонов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Јирген Клоп на преговори со Реал Мадрид

Млади репрезентации
Македонија У18 поразена од Словачка на вториот тест

Евро-фудбал
Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027 година
