
Фудбалскиот второлигаш Тетекс испрати реакција до медиумите жалејќи се на тенденциозното судење на денешниот натпревар со Струга Трим Лум. Тетовскиот тим го загуби натпреварот со 1-0.
Фудбалскиот клуб Тетекс е ужаснат од случувањата на натпреварот од 23. коло на 2. МФЛ Запад помеѓу Струга ТЉ и Тетекс. Главниот судија Благојче Ралевски од Битола, потпомогнат од своите помошници, од самиот старт на натпреварот тенденциозно судеше на штета на нашата екипа. Безброј недосудени фаули во наша корист, кои ги досуди во корист на противникот, чист недосуден пенал на резултат 0-0 над Десниќ, доделување на картони во смешни ситуации за фудбалерите на Тетекс, а во исто време толерирање на пцуење и вулгарности кон него од противничките играчи. Поради сето ова финансиерот на клубот ќе прекине со секакви вложувања во македонскиот фудбал, бидејќи вакви местенки не се случуваат ниту во четврта африканска лига.
Затоа би сакале да ги замолиме надлежните во ФФМ да ја погледнат снимката од натпреварот, кој одеше во директен пренос на ТВ платформата на ФФМ и да ни одговорат на следниве прашања:
– За која трета страна (клуб) одработи денеска судијата Ралевски?
– Дали во тесен круг на луѓе, во некоја канцеларија во ФФМ одлучивте дека мора ФК Тетекс да испадне?
– Дали комесарот за делегирање на судии делегираа по нечиј диктат, и чиј?
И на крај:
НА КОГО МУ ПРЕЧИ ФК ТЕТЕКС?
п.с. Додека ФФМ ја истражува регуларноста на натпреварите од 1. МФЛ, во 2. МФЛ однапред се знае кој судија на кој натпревар ќе биде делегиран и за кого треба да суди, која екипа треба да остане во лига, а кој да биде жртвуван. За сето ова имаме и докази кои ќе бидат доставени до соодветните институции на Р. Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
