
Барселона ќе биде активна во летниот трансфер прозорец, но без големи турбуленции. Тренерот Ханси Флик има јасна цел – засилување на бековските позиции и на левото крило.
Во фокусот ќе биде изборот на ново офанзивно засилување. Во конкуренција се четири имиња, а најновото е Адемола Лукман од Аталанта. Тој е најдостапната опција, бидејќи би можел да пристигне за сума од 35 милиони евра.
Другите три опции се познати од порано. Прва желба на спортскиот директор Деко е Луис Дијаз од Ливерпул, но неговата цена е околу 70 милиони евра, што го прави компликувана цел. Во игра е и Рафаел Леао, но Португалецот не е меѓу приоритетите на Ханси Флик, а неговата цена надминува 80 милиони евра.
Нико Вилијамс, кој имаше приоритетен статус минатото лето, останува меѓу опциите. Тој има откупна клаузула од 60 милиони евра, што го прави второто најевтино решение по Лукман.
Флик сака дополнителна конкуренција на крилните позиции, а Рафиња може да ротира со Ламин Јамал. Ансу Фати не е во плановите, а Феран Торес се гледа како опција за централен напаѓач.
Јасно е дека еден од овие четворица најверојатно ќе пристигне во Барселона ова лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
