Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, речиси сигурно ќе остане на чело на тимот и следната сезона. Според германските медиуми, поранешниот шпански репрезентативец нема ништо против да го продолжи престојот на „Бај Арена“, иако многумина очекуваат да замине и да ја преземе клупата на Реал Мадрид.
Алонсо веќе работи на летната селекција на „аспирините“, а покрај тоа бара и нов дом во градот.
Минатата сезона тој го предводеше Баер до историска прва титула во Бундес-лигата, освои и Куп на Германија, а играше и финале во Лига Европа, но загуби од Аталанта.
Не е тајна дека раководството на Реал Мадрид го гледа Чаби Алонсо како наследник на Карло Анчелоти, но иднината на Италијанецот по крајот на сезоната сè уште е неизвесна. Алонсо, пак, не сака да чека премногу долго за да биде сигурен дали ќе добие понуда од „кралскиот клуб“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













