Македонската фудбалска репрезентација денеска тивко ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026 против Лихтенштајн и Велс. Атмосферата беше обележана со длабока тага поради огромната трагедија во Кочани што ја потресе цела Македонија.
Селекторот Благоја Милевски го означи првиот собир, а попладнево репрезентативците одржаа тренинг на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.
„Со срца исполнети со болка и спомени, ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на загинатите. Нивниот светол дух ќе живее во нас. Нека почиваат во мир“, порачаа од македонската репрезентација на првиот тренинг во рамките на подготовките за квалификациите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













