
Масар Омерагиќ денеска и официјално го презеде раководењето на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со четиригодишен мандат. Веднаш по изборот, тој ја истакна својата главна визија – инвестиции во фудбалската инфраструктура, со фокус на терените како клучен фактор за подигнување на квалитетот на играта.
Фокус на терените, не на трибините
„Приоритет ќе биде инвестирање во терени. Пасивна инфраструктура како трибини нема да биде во фокусот, бидејќи не влијае директно на квалитетот на фудбалот. Нашата цел е подобрување на терените, особено во клубовите од Првата и Втората лига, за да создадеме подобри услови за игра. Само со квалитетни терени можеме да привлечеме навивачи назад на стадионите“, изјави Омерагиќ.
Натпревари на репрезентациите низ цела Македонија
Новото раководство на ФФМ има намера да ја децентрализира локацијата на репрезентативните натпревари. Наместо сите дуели да се играат во Скопје, Омерагиќ најави дека Македонија У21 ќе го одигра мечот против Италија У21 во Битола. Освен Битола, потенцијални градови-домаќини се Штип, Тетово и други центри низ Македонија.
На агендата е и судбината на Фудбалската Академија на ФФМ. Омерагиќ уште пред три месеци изрази разочараност од нејзината моментална состојба и најави можност за нејзино затворање.
„Состојбата во Академијата не се промени. Ако децата таму само тренираат, а не играат натпревари, тогаш тоа не е вистинска фудбалска подготовка. Буџетот е пробиен, има многу недостатоци. Со новиот мандат, брзо ќе донесеме одлука – најверојатно ќе предложам затворање на овој формат на Академијата на ФФМ“, истакна Омерагиќ.
Со јасно дефинирани приоритети, новиот претседател на ФФМ влегува во мандатот со амбициозна агенда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
