Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш добива нов спонзор во облик на германска компанија, која до крајот на овој месец треба да инвестира еден милион евра во клубот од Кавадарци.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на последната седница на Советот изјави дека германски инвеститор ќе му помогне на Тиквеш, а за возврат ќе добие 50% од акциите.
Остатокот од акциите ќе остане во сопственост на Општина Кавадарци, која и понатаму ќе има контрола врз случувањата во клубот.
Тиквеш во моментов се наоѓа на 10. место во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со 18 бодови и до крајот на сезоната го очекува жестока борба за опстанок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













