На доминантен начин Струга Трим Лум изминатава сезона го заокружи пласманот во прволигашкото друштво. На најдобар можен начин стружани го одиграа и последниот натпреварувачки месец со што само уште еднаш потврдија дека и во елитата ќе играат значајна улога на македонската фудбалска сцена.
Еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ низ целата сезона, дефанзивецот Арбен Тафа остави повеќе од квалитетен месец мај зад себе, со што неизбежно се издвои во изборот на МАКФУДБАЛ за играч на месец мај во Втората лига.
„Задоволство е за мене што го добивам ова признание од специјализираниот фудбалски портал, и секако задоволството е огромно што Струга Трим Лум на вака доминантен начин успеа да ги реализира своите цели и амбиции – пласманот во Првата лига. Одигравме одлична сезона потврдувајќи ја сета сериозност со кој пристапуваме на секој натпревар. Струга ТЛ е клуб кој постои само четири години и веќе успеа да стигне до Првата лига. Сето тоа доволно зборува за клубот“ – вели Тафа, и дополнува:
„Секако, најголема е заслугата на сопствениците кои ни овозможуваат беспрекорни услови за работа како ретко кој клуб во Македонија. Тие се најголемите ‘виновници’ што Струга после повеќе од 20 години повторно доби прволигаш“.
Според 27-годишниот Тафа, кој е поранешен фудбалер и на Влазрими и Хоризонт Турново, сега претстојат добри подготовки затоа што клубот планира да нема само епизодна улога во прволигашкото друштво.
„Јасно е дека постои сега разлика во Првата лига каде квалитетот е секако на повисоко ниво. Но, верувам ќе минеме низ добро подготовки како успешно би ја стартувале дебитантската сезона во елитата. Не се залетуваме, но одиме и натаму чекор по чекор со фудбалското надоградување, и индивидуално и колективно. Сигурно во првата сезона основната цел ќе биде опстанокот и создавање стабилен прволигаш, затоа што Струга заслужува да има еден ваков клуб во елитниот фудбал“ – истакнува Арбен Тафа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski