
Ноќеска, околу 00:50 часот, непознат сторител фрлил експлозивна направа во дворот на куќа на улицата Херцеговачка во Загреб, при што настанала материјална штета. Повредени лица нема, а увидот е во тек, соопшти полицијата.
Како што неофицијално дознава „Јутарњи лист“, станува збор за домот во кој живее поранешниот фудбалер и сегашен познат фудбалски менаџер Енди Бара. Тој е менаџер на Дани Олмо.
Како фудбалски агент застапува голем број хрватски и странски фудбалери. Бил соработник на Божо Слишковиќ, кој беше менаџер на Самир, а учествувал и во трансферите на играчи на Динамо Загреб во времето на Здравко Мамиќ. Најпознат е по тоа што го донесе Дани Олмо во Динамо од Барселона.
Енди Бара како фудбалер настапувал за младинските категории на Динамо Загреб и Валенсија. Како сениор беше член на шпански Логроњес и полска Легија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
