Connect with us

Силекс ја победи Струга ТЛ, Гостивар и Работнички ремизираа

Гостивар и Работнички одиграа 0-0 во дуелот во Маџари. Многу борба, желба за победа и од двете страни, но и сепак внимателност да не се загуби дербито. Анес Рушевиќ се закани во првиот дел кон голот на Гостивар, а во второто полувреме домаќинот имаше иницијатива и шанси имаа Аосман и Каланоски. Сепак, остана до крај почетниот резултат.

Силекс во Кратово го пречека шампионот Струга Трим Лум, а ниту новиот тренер, Илчо Ѓорѓиоски, не најде решение како стружани да победуваат во првенството оваа пролет. Силекс славеше со 3-1. Хрвановиќ го отвори резултатот во десеттата минута, а Маронг Осман зголеми на 2-0 во 26.минута. Стружани намалија пред полувремето, но Ади Алиќ ги расчисти дилемите со голот во 52.минута.

Шкендија ја оправда фаворитската улога против Тиквеш во Тетово и славеше со 1-0. Адаму Алхасан беше стрелец на победничкиот гол во 35.минута од дуелот. Тој изведе вистинска мајсторија, постигнувајќи гол со петица по корнерот од десната страна.

Шкупи на Чаир ја продолжи пролетната победничка низа и на мечот против Пелистер. Домаќинот победи со убедливи 3-1. Херој на триумфот беше Џемал Ибиши кој постигна два гола. Тој го отвори резултатот во 44.минута, а во вториот дел погоди и во 69. минута. Третиот гол за Шкупи беше дело на Ајетовиќ во 75.минута. Во финишот Пелистер постигна почесен гол преку Мирко Ивановски од пенал.

Во Охрид, Воска и Брера, играа во директна битка за опстанок, а славеа домаќините со 3-1. Тони Виноградац погоди уште во петтата минута, а во вториот дел стрелаа и Клинтон Осеи и Илирид Адеми. Брера во завршницата постигна гол преку Нзенгуе.

ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 3-1

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 0-0

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 3-1

ВОСКА СПОРТ – БРЕРА 3-1

ВЧЕРА: ВАРДАР – БЕСА 0-0

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови