
Иднината на Џошуа Кимих во Баерн Минхен останува неизвесна. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а баварците ја повлекоа понудата за продолжување на соработката.
Раководството на германскиот гигант веќе изгубило трпение чекајќи ја конечната одлука на Кимих, па одлучило да преземе поцврст став. Овој потег повторно го разгоре интересот на ПСЖ, пренесуваат германските медиуми.
Францускиот шампион го сакаше Кимих уште минатото лето, но тогаш трансфер не се реализира. Сега, клубот од „Паркот на принцовите“ повторно се активирал со намера да го доведе германскиот репрезентативец.
Освен ПСЖ, интерес за Кимих покажуваат и Ливерпул и Интер. Тој сè уште е во контакт со Баерн, но неговото останување во Минхен изгледа малку веројатно, особено бидејќи клубот не планира да му понуди договор со иста финансиска тежина. Доколку ја прифатеше понудата, Кимих ќе заработуваше над 20 милиони евра годишно.
Џошуа Кимих е дел од Баерн од 2015 година, кога пристигна од Штутгарт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
