Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, се наоѓа во сериозна ситуација, бидејќи поради наводни расистички коментари по време на истанбулското дерби против Галатасарај, му се заканува шестмесечна суспензија, пренесуваат турските медиуми. Познат по својот темперамент, Мурињо наводно упатил навреди кон клупата на противничкиот тим, споредувајќи го нивното однесување со „скокање како мајмуни“.
Покрај тоа, тој ја критикувал работата на судиите, што довело до тоа да ги навреди и домашните судии, иако натпреварот го судеше словенечкиот судија Славко Винчиќ.
Галатасарај веќе најави дека ќе поднесе жалби и ќе го тера случајот до највисоките инстанци, со поднесување на жалби до УЕФА и ФИФА. Во исто време, Фенербахче ги отфрла обвиненијата и тврди дека изјавите на Мурињо биле погрешно толкувани и не се расистички. Клубот истакна дека ќе преземе правни мерки против овие обвинувања.
По завршувањето на натпреварот, кој заврши без голови, Мурињо им се обратил на судиите и им честитал на судиската тројка, што предизвикало реакција од тренерот на Галатасарај, Окан Бурук. Бурук изјавил дека Мурињо е познат по тоа што се жали, и дека продолжил да плаче и во соблекувалната. Овој инцидент дополнително ги напна односите помеѓу двата клуба, кои се главни ривали во турскиот фудбал.
Ова не е првпат Мурињо да создаде контроверзи во Турција. Пред тоа, тој беше казнет со едномечна суспензија поради негови изјави по натпреварот против Трабзонспор. Исто така, неговите критики на сметка на судењето довеле до тоа Турската фудбалска федерација да донесе преседан и да назначи странски судија за дербито меѓу Фенербахче и Галатасарај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













