Connect with us

Барса и Атлетико приредија спектакл со осум гола (ВИДЕО)

Барселона и Атлетико Мадрид одиграа спектакуларен натпревар на „Монжуик“, постигнаа заедно осум гола и на крајот ремизираа, во првиот меч од полуфиналето на Кралскиот куп. Дуелот заврши 4-4 и сѐ ќе се решава на реваншот во Мадрид.

Атлетико блескаво го почна натпреварот, Хулијан Алварез погоди по само 47 секунди од почетокот на мечот, а во шестата минута на 0-2 зголеми Антоан Гризман.

Но, потоа Барселона возврати фуриозно. Педри во 19.минута намали, а две минути подоцна Пау Кубарси го израмни резултатот.

Каталонскиот тим до крајот на првиот дел дојде и до 3-2, со голот на Ињиго Мартинез со 41.минута.

Кога Левандовски постигна гол за 4-2 во 74.минута сите помислија дека Барселона конечно го скрши отпорот на Атлетико, но така не мислеа воините на Диего Симеоне.

Во 84.минута, Маркос Љоренте погоди за 4-3, а Александер Сорлот во 93.минута го израмни резултатот на 4-4. Навистина неверојатен меч и голем спектакл, а ништо помалку не се очекува и од реваншот во Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови