Арда Гулер, најталентираниот турски фудбалер, од Фенербахче се пресели во Реал Мадрид, но сега изгледа дека би можел да го напушти главниот град на Шпанија и да ја продолжи кариерата во Германија.
Иако зимскиот трансфер период само што заврши, големите клубови веќе ги подготвуваат своите листи на желби за летото, а за него се интересира Баерн Минхен. Баварскиот гигант се надева дека ќе успее да го доведе 20-годишниот турски репрезентативец Арда Гулер со перманентен трансфер.
Според информациите, Баерн е решен да понуди 50 милиони евра за услугите на младиот турски фудбалер. Овој трансфер совршено би се вклопил во офанзивната линија што ја форсира тренерот Винсент Компани. Баерн игра во формацијата 4-2-3-1, а Гулер би можел да формира напаѓачко трио заедно со Џамал Мусијала (21) и Мајкл Олисе (23), зад напаѓачот Хари Кејн (31).
Оваа сезона, Арда Гулер немаше многу можности да игра под раководство на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, што го разочара турскиот интернационалец. Тој побара од клубот да оди на позајмица до крајот на сезоната, а сега изгледа дека би можел и трајно да го напушти шпанскиот клуб.
Според информациите, Реал Мадрид би бил подготвен да прифати понуда за трансфер на Гулер, а се очекува дека понудата од 50 милиони евра ќе биде доволна за негова преселба во Баерн Минхен.
Досега, Арда Гулер настапи за Реал Мадрид на 40 натпревари, постигна девет голови и имаше пет асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













