Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, продолжува да верува дека неговиот тим може да се бори за титулата во Премиер – лигата, иако моментално заостанува со 11 бода зад Ливерпул, кој има еден натпревар повеќе. Шпанецот увери дека „топчиите“ ќе се борат, додека имаат математички шанси за првото место.
„Тимот да се откаже од борбата за титулата? Само преку мене мртов. Ако не верувам, ќе се вратам дома. Математички сè уште е можно. Мора да играме во секој натпревар. Пред три дена одеднаш можевме да ја намалиме разликата. Сега оваа задача е потешка, но ако сакаш да ја освоиш Премиер – лигата, мора да направиш нешто специјално. Ако сакаме да ја освојуваме лигата под овие услови, веројатно мора да направиме нешто што никој друг не го направил во историјата на Премиер – лигата“, изјави Артета.
Утре Арсенал има нов предизвик, кога во вонредното коло ќе гостува кај Нотингем Форест.
„Нуно Еспирито Санто прави неверојатни работи. Не само во Нотингем Форест, туку и во Волвс беше така. Тој, тренерскиот штаб и клубот треба да бидат горди. Она што го направија откако се вратија во Премиер – лигата е лесно забележително“, коментира Артета.
Во однос на состојбата со играчите, Артета додаде дека Букајо Сака и Габриел Мартинели се враќаат полека, но сѐ уште не се подготвени за игра. Итан Нуанери имал само грчеви и ќе биде подготвен за настап.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













