
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го пропушти последниот тренинг пред заминувањето на тимот во Сан Себастијан, каде што ќе се соочат со Реал Сосиедад во првиот натпревар од полуфиналето на Копа дел Реј. Причината за неговото отсуство беше претходно планирана операција на заб.
Тренерот Карло Анчелоти потврди дека Мбапе ќе патува со екипата и може да добие минути во натпреварот, но исто така не ја исклучи можноста за негов одмор во куп-дуелот. Реал Мадрид има густ распоред, со натпревар против Бетис во Ла Лига в сабота, а во вторник тимот ќе го пречека Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Ова е четврти натпревар што Мбапе може да го пропушти сезонава, поради повреда на дуелите против Атлетико Мадрид и Рајо Валјекано во Ла Лига, како и поради одмор против Леганес во Копа дел Реј.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
